еМагазин
Image default
Македонија

Советот за безбедност на бугарската Влада ќе ја анализира политика кон Македонија, без да се излегува од рамката усвоена од бугарскиот Парламент

Советот за безбедност при Советот на министри на Бугарија следната недела ќе разговара за потребата од анализа и ажурирање на целокупна политика на Софија кон Република Северна Македонија, јави БТА.

Премиерот на Бугарија, Стефан Јанев, денеска пред новинарите во Советот на министри, изјавил дека постојат теми што се на агендата на општеството и дека една од овие теми е потребата да се анализира и ажурира целокупната политика на Бугарија до Република Северна Македонија.

– Ова особено се однесува во делот на развојот на политичкиот процес во Република Северна Македонија, но и на нашето политичко однесување и потрага по идни решенија во интерес на народите на двете земји, рече Јанев.

Според Јанев, предлогот е да се разговара за целокупната политика на Бугарија кон Република Северна Македонија, без да се излегува од рамката усвоена од бугарскиот Парламент.

-Целта е да се бараат практични решенија што ќе дадат појдовни точки во надворешната политика на Бугарија, така што таа ќе биде разбрана меѓу нејзините сојузници во ЕУ и ќе има стабилни пораки и решенија во интерес на нашиот национален интерес, рече Стефан Јанев, пренесува БТА.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 326 случаи на Ковид-19 од 2.562 тестирања

Редакција

Груевски се јави на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Редакција

МВР и денеска ќе издава лични карти

Редакција