еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Попишани повеќе од 200.000 граѓани за четири дена

Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој започна да се спроведува на цела територија на државата на 5 септември се одвива со голема поддршка и интерес од граѓаните, информираат од Државен завод за статистика.

„Потврда за тоа е големата бројка на попишани граѓани. Само во првите четири дена со попишувањето се опфатени повеќе од 200.000 граѓани. Државниот завод за статистика изразува благодарност до сите граѓани кои свесни за важноста од спроведување на оваа најобемна статистичка операција, се конструктивен партнер во процесот,“ се вели во соопштението.

Од таму велат дека во тек е надминување на помали технички предизвици кои повремено се појавуваа претходните денови кога на терен имаше висок интензитет на попишување.

„Сите внесени податоци се успешно процесирани во системот, а техничките усогласувања се прават со цел процесот да продолжи со несмален интензитет.

Досегашната динамика на попишувањето на терен е гаранција дека заклучно со 30 септември успешно ќе бидат попишани населението, домаќинствата и становите на територијата на целата земја,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

529 казни за неносење маска

Редакција

Вишото обвинителство ја „врати во живот“ кривичната против екс министерката Ангеловска за повлекувањето на заштедата од Еуростандард банка

Редакција

Јовица Стојановиќ разрешен од директорското место во КПД Идризово, за в.д назначен Реџеп Реџепи

Редакција