еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за автобуската несреќа кај „Ласкарци“ во која загинаа 16 лица

Во Кривичниот суд – Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Ласкарци”, кој се однесува на автобуската несреќа што се случи пред две години во која загинаа 16 лица, а над 30 беа тешко повредени.

Случајот го води судијката Дијана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Обвинети се Дурмиш Белули, сопственикот на „Дурмо турс”, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и тројца вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Автобуска несреќа се случи на 13 февруари 2019 година околу 17 часот во атарот на селото Ласкарци, скопско, во која загинаа 16 лица.

Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ сообраќал на релација Скопје-Гостивар, со 51 патник, сите од Гостивар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двата дена од продолжениот распуст ќе се надоместат во јуни

Редакција

За Французите Договорот од Преспа нема никаква врска со проширувањето: Франција против отварање преговори со Македонија

Редакција

Јанева нема да дава исказ за „Рекет“

Редакција