еМагазин
Image default
Балкан

Задолжителната вакцинација ги извади Грците на улиците во Солун, се судрија со полицијата

Кусо пред почетокот на говорот на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во рамките на Меѓународниот саем во Солун, во центарот на градот се случија инциденти меѓу демонстрантите и полицијата на протестот против вакцината и задолжителната вакцинација, јави дописничката на МИА од Атина.

Вчера во Солун, се одржаа шест различни протести, на различни локации, организирани од синдикатите, од левичарско – анархистички организации, но и од антиваксерите, а ангажирани се над 5.000 полицајци.

Протестите завршија мирно, со исклучок на оној против вакцината и задолжителната вакцинација.

Демонстрантите ја нападнаа полицијата со камења, предмети и молотови коктели, по што полицијата интервенираше со солзавец, шок бомби и топови со вода, а инцидентите траеја кусо.

Меѓународниот саем во Солун се одржува традиционално секоја година во септември и е домаќин на странски изложувачи, со учество на земји од целиот свет, странски и домашни политичари и слично, а официјалното отворање е со говор на премиерот на Грција, кој ја соопштува владината програма и следните планови.

Традиционално, на првиот ден од саемот синдикатите одржуваат протести.

Саемот започна вчера и ќе трае до 19 септември.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Момче исчезна на плажата Милос на Лефкада

Редакција

Еврото ќе биде единствена валута во Косово од 1. февруари

Редакција

Промената на Уставот е прв чекор кон интеграцијата на Македонија во ЕУ, Билатералниот протокол не е доволна гаранција, вели Радев

Редакција