еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(ФОТО) Денеска раздвижено на Саемот на книга, првите денови од отворањето посетеноста била слаба

Денеска на Саемот на книга имаше раздвиженост за разлика од првите денови на отворањето, велат за „еМагазин“ од најголемите издавачки куќи.

На штандовите забележавме посетители, а на дел од нив се правеа и промоции.

„Викендов е раздвижено, за разлика од првите денови од отворањето кога посетеноста беше послаба. Но тоа се поклопи со трагедијата во Тетово, како и мерките. Иако на отворено, сепак се бара нивно почитување,“ вели за „еМагазин“, вработена во една од издавачките куќи.

При влегувањето на Саем, ни беше побаран и вакцинален сертификат, со образложение дека иако е на отворено, сепак се работи за организиран настан.

Понудата на издавачите, е според можностите и условите кои владеат на пазарот.

Според дел од нив, кои имаат продавници по моловите, велат дека таму посетеноста е опадната за 60 проценти. Загубите кои ги трпат се огромни.

Саемот на книга ќе трае до 14 септември, вторник.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рашковски поднесе кривични пријави за обвинителките Русковска и Трајчева, за пет кривични дела

Редакција

Ковачевски вели дека нема „пазар“ околу измените на Кривичниот законик

Редакција

Заев, Вучиќ и Рама денеска и утре во Тирана на „Отворен Балкан“, ќе потпишат шест договори

Редакција