Пандемијата за вакцинираните помина, но сега имаме пандемија на невакцинираните, вели австрискиот канцелар Себастијан Курц.
– Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и маски со FFP2 за ресторани, трговија, јавен превоз, истакна Курц за дневниот весник „Кронен цајтунг“.
Тој посочи дека многумина се вакцинирани и не треба да се справуваат со мерките, но сепак има 30 отсто од граѓаните кои не се вакцинирани и не се заштитени, затоа мора да знаат дека некогаш ќе бидат заразени со корона.
– Токму поради невакцинираните сè уште се потребни минимум мерки. Претпочитам се да е отворено за 70 отсто од населението, отколку се да затвораме, објасни Курц.
Тој, исто така, ја критикуваше Слободарската партија на Австрија (ФПО) за ширење страв и водење кампања против вакцинација.
МИА/Фото: МЗ