еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Радев се пожалил на Штајнмаер дека во Македонија за време на пописот се вршело притисок врз луѓето со бугарски идентитет

Бугарија ги брани не само националните интереси, туку пред се вредностите на Европската унија, што се темелат на демократија и почитување на човековите права во својот дијалог со Република Северна Македонија. Тоа го нагласил претседателот на Бугарија, Румен Радев, во телефонски разговор со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, разговорот бил инициран од германскиот претседател во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи во Словенија на 5 и 6 октомври, соопшти Кабинетот на Радев.

– Бугарија очекува конкретни резултати во однос на почитувањето на човековите права кај нашиот југозападен сосед, што ќе ја забрза европската интеграција на Република Северна Македонија, нагласил Радев.

Според соопштението Радев добил сигнали дека се врши притисок врз луѓето кои отворено го искажуваат својот бугарски идентитет, и оти, како што се наведува, се случило за време на тековниот попис на македонското население.

Претседателот на Бугарија, исто така, истакнал дека бројните декларации и ветувања дадени во текот на годините од страна на државниот врв на Република Северна Македонија кон Бугарија, остануваат неисполнети, вклучувајќи го и билатералниот Договор за пријателство, добрососедство и соработка потпишан во 2017 година.

МИА/Фото: Фејсбук/Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како да отворите платежна сметка со основни функции: Што овозможува и колкав надоместок се плаќа

Редакција

Ќе се укине ли амнестијата за хашките предмети?

Редакција

Каков имот пријавил пратеникот Зеќир Рамчиловиќ

Редакција