еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вработените во РКЕ: Нападот врз Бислимоски го сметаме за притисок врз работењето и системот на регулирање на пазарот

Вработените во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во врска со немилиот настан во кој беше физички нападнат претседателот Марко Бислимоски го изразуваат својот револт и негодување и најостро го осудуваат нападот, се вели во писмото испратено до јавноста.

„Имено, физичкиот напад врз претседателот Бислимоски го сметаме како директен напад и притисок врз работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, но и врз системот на регулирањето на енергетските пазари во Република Северна Македонија, кој е воспоставен и успешно функционира од 2003 година.

Ваквото нецивилизирано и дивјачко однесување на учесникот на енергетскиот пазар во 21-от век е недозволиво особено за нас како земја аспирант за влез во ЕУ,“ се вели во писмото.

Во него се додава дека претседателот Бислимоски, претходно вработен во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги од 2004 година помеѓу своите колеги важи за голем професионалец, без ниту една дамка во своето работење и човек спремен секогаш и секому да помогне.

„Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги постапувала и ќе постапува во согласност со законите, а врз основа на начелата на објективност, транспарентност и недискриминација, со примена на најдобрите меѓународни искуства и практики.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги три последователни години е прогласувана за најдобро регулаторно тело во рамки на Енергетската заедница и ниту еден ваков недоличен настан не смее да го загрози интегритетот и угледот ниту на претседателот, ниту на институцијата.

Бараме надлежните институции да ги преземат сите законски мерки кои се во нивна надлежност и сторителот (сторителите) на ваквото дело најстрого да го санкционираат,“ се додава во писмото.

ПОВЗРАНИ ВЕСТИ

Заев го осуди нападот врз Бислимоски

Синот на Муса Џафери не му се извинил на Бислимоски, велат од РКЕ

Османи не се чувствува повикан да коментира за нападот на синот на Муса Џафери врз претседателот на РКЕ, Бислимоски

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Мијалков му побегна пред очи на Спасовски, оставка веднаш

Редакција

Продолжува судењето за „Таргет-Тврдина“

Редакција

Седницата за реконструкцијата на Владата во понеделник

Редакција