ОВР Кочани до надлежното ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против Р.А. (54) и Б.Ш. (46) од Кочани поради основано сомнение дека сториле кривични дела „повреда на слободата на определување на гласачите” по чл. 160 ст.1 в.в.член 19 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.
По претходна пријава, преземени се мерки од страна на полициски службеници од ОВР Кочани за расчистување на случајот.
Утврдено е дека во периодот од 08.10.2021 до 15.10.2021 година во повеќе наврати Р.А. и Б.Ш. со намера да ги спречат да си го извршат избирачко право, им се заканувале на А.Д., С. Д., А.И. и З.М., сите од Кочани дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се.
Осомничените лица се пронајдени и повикани во ОВР Кочани, извршени се консултации со дежурен основен јавен обвинител од Кочани и против двајцата е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани, стои во соопштението.