Од Министерството за здравство за телевизијата Телма велат дека 22-годишниот пациент од Битола, кој се најде во вчерашната ковид-статистика бил со прекумерна тежина, но немал други хронични заболувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Најмладото на 22-годишна возраст: Од Ковид-19 починале 14 лица, дополнително пријавени уште 7
Не бил вакциниран, а три дена со ред се јавувал на лекар, веднаш откако добил позитивен резултат.
Бил позитивен на Ковид-19 од 9. октомври. На преглед отишол наредниот ден, на 10. октомври, на инфективното одделение во Битолската болница, немал знаци на пневмонија, имал температура, и му била препишана терапија за дома.
Бил на лекарски преглед и следниот ден на 11. октомври, а наредниот ден, на 12. октомври му биле закажани контролни анализи.
Истиот ден, на 12. октомври, поради влошување на рендгенолошкиот наодот и лабораториски анализи, бил задржан во болница. Бил ставен на кислородна поддршка и примал терапија.
Состојбата нагло му се влошила, по што починал.
Фото: МЗ