еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Одлагањето на преговорите негативно влијае врз Македонија: МИА објави дел од извештајот на ЕУ за реформскиот напредок на земјава

МИА дојде до делови од извештајот за Северна Македонија, кој ќе биде официјално објавен попладне во Европскиот Парламент. Европската Комисија ја критикува блокадата за старт на преговори, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Европската Комисија е задоволна што Северна Македонија продолжува да ги исполнува критериумите за зачленување на ЕУ и што властите покажуваат јасна проевропска ориентација.

-Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста заложба да продолжат по ЕУ патот.

Земјата задржа постојан и одлучен тек во напредувањето на ЕУ реформите и ги зголеми своите напори за испорачување на опипливи резултати и натаму, стои во извештајот за реформскиот напредок за Северна Македонија, кој ќе биде објавен во 15 часот попладне во Стразбур.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ќе го презентира извештајот пред пратеници од комисијата за надворешни работи на Европарламентот.

Извештајот понатаму ќе гласи дека ЕУ реформите се процес на долг рок, кој бара постојан ангажман од владата и од опозицијата, како и од сите општествени чинители.

Северна Македонија е поздравена во делот на усогласувањето на својата надворешна политика со таа на ЕУ со стапка од 96 отсто, што претставува зголемување од два процентни поени во споредба со 2020 година.

-Во март 2020 членовите на Европскиот Совет едногласно ја одобрија одлуката да се отворање преговорите за членство со Северна Македонија. Одлагањата во официјалниот старт на преговорите за членство имаат негативни последици врз кредибилитетот на ЕУ, предупредува Европската Комисија.

Таа нагласува дека билатералните прашања помеѓу Софија и Скопје мора приоритетно да бидат решени.

-Комисијата со нетрпение очекува и ја истакнува важноста од постојано имплементирање на Договорот од Преспа и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија од сите страни.

Во согласност со заклучоците на Советот, Комисијата ја продолжува потребната подготвителна работа и очекува првата Меѓувладина конференција да се одржи што поскоро штом се усвои преговарачката рамка од страна на Советот и пред крајот на оваа година, бара Европската Комисија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што содржи политичкиот дел од извештајот на ЕУ за реформскиот напредок на Македонија

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица поднесе кривични пријави против Џафери и двајцата пратеници кои заразени со Ковид-19 дојдоа во Собранието

Редакција

Утре слаб снег на планините, од задутре стабилно со повисоки температури

Редакција

Објавени имиња на маркети кои продавале по повисоки цени

Редакција