Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица од Ковид-19: 6 починати лица од Куманово (89г, 85г, 71г, 71г, 58г и 52г), 4 починати лица од Прилеп (85г, 77г, 68г и 61г) и по едно починато лице од Кавадарци (69г) и Велес (62г).
Од пријавени лица 11 се починати во болнички услови, а само едно лице е починато дома.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 5 починати лица, со датум на смрт од 12.10.2021 до 23.10.2021 година.
Регистрирани се 2 починати лица од Скопје, 2 починати лица од Битола и едно лице од Крива Паланка, на возраст од 81 до 41 години. Од пријавени лица, тројца се починати во домашни услови, а две лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на починати е 7.036.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
482 случаи на Ковид-19, бројот на активни е 6.292
Убава вест: Оздравени 280 болни од Ковид-19
Фото: МЗ