еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ја загуби битката со ракот: Почина Фофи Генимата, претседателката на грчката партија Движење на промена

Претседателката на централно левичарската грчка партија Движење на промена (КИНАЛ), Фофи Генимата, денеска ја загуби долгогодишната битка со ракот и почина на 57- годишна возраст, јави дописничката на МИА од Атина.

Генимата пред две седмици беше хоспитализирана во атинска болница, каде што се лекуваше, а  доцна синоќа драстично и се влошила здравствената состојба и и покрај напорите на лекарите, како што соопштија од болницата, во 12.04 часот, починала.

Во 2008 година на Генимата ѝ беше дијагностициран рак на дојка и успешно се избори со болеста, а  здравствени проблеми поради кои беше хоспитализирана, се должеа на повторување на нејзината основна болест.

Претседателката на КИНАЛ, поранешно ПАСОК, преку „Фејсбук“, пред две седмици соопшти дека, поради хоспитализацијата, се повлекува од изборниот процес во партијата закажан за 5 декември за избор на нов лидер.

МИА/Фото: Фејсбук/Генимата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите вечерва во ТЦ Бисер: Панчо и Андреј од ДНК ќе собираат средства за лекување на Леонид

Редакција

Македонец еден од победниците на 24. CodeIT, организиран од Мусала Софт, дел од Киншифт

Редакција

Кој е Фатон Ахмети, директорот на Фондот за здравство, кој си поднесе оставка

Редакција