еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Биологот Џикиќ: Македонија ја чека тешка зима со полни болници и голема смртност, ако не се зголеми вакцинацијата

Познатиот хрватски молекуларен биолог, Иван Џикиќ предупредува дека Македонија ја чека тешка и неизвесна зима со полни болници и голема смртност ако вакцинацијата остане на сегашниот процент, пренесува телевизијата Сител.

Вели дека со околу 10 проценти новозаразени од тестирани дневно земјата е во акутна криза, четвртиот бран може допрва да ескалира, а не е исклучена можноста и од петти бран на почетокот од 2022.

– Проблемот во Македонија е на долг рок. Се додека не го поминете прагот од 60-70 проценти вакцинирани што е многу тешко ако сега сте на 37 проценти. Се додека не го постигнете потребниот процент Македонија ќе биде земја во која ризикот за бројот на починати ќе биде многу висок.

Ако сте под 50 проценти тоа е алармантно и треба да се испрати порака до владата дека не смее да се дозволи да остане оваа состојба, бидејќи во зима ќе имате не 7.000, туку веројатно уште неколку илјади, вели Џикиќ.

За слабиот процент на вакцинација во голем број земји меѓу кои и Македонија, Џикиќ проблемот го гледа во институциите кои раководат со државата. Хрватскиот научник вели дека како опција постои и задолжителната имунизација ако Владите со нормални кампањи не успеат да ги мотивираат граѓаните.

– Слабиот процент на невакцинирани е недовербата на граѓаните во нивните власи. Тоа е главната причина. Другата причина е што владите не се однесуваа коректно, кампањите за вакцинација не беа добро подготвени и не постои јавна одговорност.

Кога се тоа ќе го ставите заедно тогаш имате граѓани кои велат јас не сакам, се плашам…, вели Џикиќ.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Пиши една инекција да се опраам, утре сум на свадба. Швепс пиев многу вчера, немам Ковид-19“, докторка од Гостивар сподели искуство од дежурство

Редакција

Попладне врнежливо време со силен ветер

Редакција

Доктор Пановски: „Кој ќе биде одговорен за присилување на вакцинација само за добивање на сертификат, изгледа како злосторство“

Редакција