еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Афера „Фејсбук документи“: Фејсбук им дозволувал на политичари да ги прекршат правилата за објавување содржини

Раководството на Фејсбук се мешало во работата на социјалната мрежа, давајќи им на политичари привилегирана позиција при објавување, и покрај сопствените правила, пишува „Фајненшл тајмс“ цитирајќи извадоци од истрагата на „Фејсбук Пејперс“ (Facebook Papers) спроведена врз основа на сведочењето на Френсис Хоган, поранешен вработена во компанијата.

Според весникот, раководството на Фејсбук се вмешало во работата на социјалната мрежа, дозволувајќи им на американски политичари и ѕвезди од шоу-бизнисот да објавуваат што сакаат без никакви ограничувања.

Порталот Verge во јуни објави дека менаџментот на Фејсбук планира да го промени пристапот кон модернизирање на комуникациите, откако го ограничи пристапот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп до социјалната мрежа.

Компанијата соопшти дека ќе ги укине исклучоците за политичарите.

Весникот „Вол Стрит Џурнал“, откако проучи неколку внатрешни документи на компанијата, во септември објави дека системот за контрола на објавите на социјалната мрежа Фејсбук им овозможува на некои корисници со голема публика да поставуваат материјали што ги прекршуваат правилата на заедницата.

Ваквите објави често остануваат незабележани од модераторите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје вработува 18 државни службеници

Редакција

(Галерија) Кедев за искачувањето на петте врвови над 8.000 метри: Во животот најмногу учиме од неуспесите, низ тешкотиите растеме

Силвана Жежова

Пулмологот Анѓелко Ѓорчев, татко на Влатко Ѓорчев е човекот кој падна во кома по вакцинацијата во Ниш и се бори за живот

Редакција