Микробиологот Никола Пановски во интервју за телевизија „Телма“ изјави дека кај нас кафаните и кафулињата во вториот и во третиот бран беа место каде што народот „природно се имунизираше“.
Но, како што додаде, многу од тие „природно имунизирани“ денес веќе не се меѓу нас и имаат тешки последици.
„Мерките треба да се спроведат за да се спречи ширење на вирусот, а не сега слушам „ќе почекаме, кога ќе се зголеми бројот на случаи, тогаш ќе направиме мерки“.
Тие мерки ќе бидат задоцнети. Луѓето заборавија да носат маски и сѐ ова со посетата на рестораните, со свадбите во затворен простор, итн. ќе влијае да имаме нов, четврти бран.
Очекувам да имаме покачување до 1.000 случаи на ден, не повеќе. Со други зборови, ќе биде една двогрба камила – првиот врв беше на почетокот од септември, а вториот ќе биде на почетокот на ноември, а состојбата ќе се смири до Нова година,“ рече Пановски и додаде дека треба да се вратиме на повторна кампања за вакцинација и за заштита од коронавирусот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Видео: ТВ Телма