еМагазин
Image default
Бизнис

Витаминка со намалена добивка

П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот јануари – септември 2021 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информира компанијата преку Македонската берза.

“Остварените единечни вкупни приходи за девет месеци од  2021 година изнесуваат 2.124.674 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2020 година бележат пораст од 15%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2020 година се повисоки за 14%.

Остварените единечни вкупни расходи во девет месеци од 2021 година изнесуваат 2.076.890 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2020 година бележат раст од 13%.

Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во првото тромесечје од 2021 година.

Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 21.119 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е пониска за 9%“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Витаминка ја зголеми добивката

Витаминка откупи сопствени акции

Фото: Витаминка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не очекува многу тешка и непредвидлива зима, ќе прогласиме кризна состојба во енергетскиот сектор за да интервенираме со мерки, најави Бектеши

Редакција

Македонијатурист ќе дели дивиденда од 129,89 денари бруто по акција

Редакција

Пет акции на Македонската берза со најголем пад

Редакција