еМагазин
Image default
Бизнис

Македонијатурист ќе дели дивиденда од 129,89 денари бруто по акција

Една од точките за престојното Собрание на акционери на Македонијатурист АД Скопје е предлог одлуката за исплата на дивиденда, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Според истата предвидената сума за дивидендата за 2022 година е во вкупен бруто износ од 52.870.128 денари.

Таа ќе се исплати од дел од распределената добивка на Друштвото од 2022 година во износ од 16.999.971 денари, а останатите 35.870.157 денари ќе се исплатат од нераспределните добивки на Друштвото за 2021, 2016 и 2015 година.

Висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 129,89 денари, односно нето по акција 116,91 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголеми акционери во Македонијатурист

Македонијатурист лани со добивка

Сава пензиски фонд купи акции во Македонијатурист

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Сковин“ во загуба во првите шест месеци од годинава

Редакција

Детален преглед: Акции со најголем пораст и пад на вредноста

Редакција

Grouper.mk на екс министерката Нина Ангеловска доби нов сопственик

Редакција