еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Максим Димитриевски останува градоначалник на Куманово, кандидатот на СДСМ му ја честиташе победата

Сакам да се заблагодарам на сите кумановчани коишто излегоа денеска на избори. Денеска Куманово победи, не победи Максим Димитриевски и Македонија победи. И разликата е повеќе од шест илјади гласа, изјави вечерва кандидатот за градоначалник на Куманово.

Тој им вети на граѓаните дека сето она што го говорел во кампањата ќе биде реализирано.

-Се базиравме на реално остварливи проекти. Ова е победа на демократијата. И покрај обидите на поединечни структури од режимот којшто за жал од СДСМ направија една партија која што наликува на нешто што беше минато ќе го дадам својот максимум да направам се за да ги смениме работите во иднина, истакна вечерва Димитриевски.

Тој им честитам на сите кандидати коишто добија доверба од граѓаните, а пред се да им честитам на сите – Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби и сите останати етнички заедници коишто се одважиле, излегле на овие избори и испратиле силна порака до политичарите.

Тој истакна дека е од редовите на СДСМ, дека е член и симпатизер и оти семејство и сите околу него се членови на СДСМ.

-За тоа ќе расправаме допрва во идното време, но можам само да испратам порака она што го направија моите другари со коишто заедно крваревме за да промениме еден систем на лоши навики, а всушност станаа нешто полошо од тоа треба да им служи на честа.

Јас ќе продолжам заедно со граѓаните од тука натаму да креирам само позитивни политики за мојот град, за моите граѓани и за сите граѓани на Македонија, бидејќи Македонија тоа го заслужува. Еднаш засекогаш треба да ставиме крај на лукративниот пристап во оваа држава, рече Димитриевски.

Илиевски му ја честиташе победата на Димитриевски за градоначалничката позиција во Куманово

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата за Куманово, Оливер Илиевски на вечерашнава прес-конференција му ја честиташе победата на независниот кандидат Максим Димитриевски и посака градот да го води со повеќе инвестиции и проекти.

Илиевски во изјавата за медиумите се заблагодари на граѓаните што излегоа на гласачките места и што процесот помина во фер и демократска атмосфера.

Тој кажа дека се пребројани гласовите, но се неофицијални и се добиени од изборниот штаб на СДСМ. Порача уште еднаш Куманово да го управуваат со добри проекти и нагласи дека неговата програма им стои на располагање.

Одговарајќи на новинарски прашања дали се прават комбинации за Советот на Општина Куманово, Илиевски напомена дека Димитриевски заедно со коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ААА имаат 17 советника што е мнозинство во Советот на Општината, но тоа ќе остане тие сами да си ја договараат коалицијата.

МИА/Фото: Фејсбук/Димитриевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е Наташа Габер-Дамјановска, која е реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Редакција

Фондот за здравствено осигурување вработува 13 службеници

Редакција

Продаден блок акции од Комерцијална банка за 273.000 евра

Редакција