еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Ужас во селото Сенокос: 18-годишник ја силувал неговата полусестра и ѝ се заканувал да не кажува на родителите

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 18-годишен жител на селото Сенокос, општина Врапчиште, кој се товари дека сторил кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На 15 јули, обвинетиот со употреба извршил обљуба врз неговата полусестра, родена 2009 година. Иако оштетената за цело време викала и плачела, тој ја одвлекол и извршил обљуба со употреба на физичка сила.

Потоа и се заканил на оштетената дека доколку каже на родителите, повторно ќе и го направи истото,“ се вели во соопштението.

Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец физички нападнат пред казино

Редакција

Полицијата приведе пет лица и обезбеди возило како трага за исчезнувањето на Вања Ѓорчевска

Редакција

Хрватска и Молдавија се спремаат за бранот на бегалци од Украина кој се проценува дека ќе биде до пет милиони

Редакција