еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Хрватска и Молдавија се спремаат за бранот на бегалци од Украина кој се проценува дека ќе биде до пет милиони

Пратеникот во хрватскиот Парламент и член на Комисијата за надворешна политика, Бојан Главашевиќ изјави дека во собраниското тело интензивно се разговарало за бранот бегалци од Украина и оти ставот на парламентарното мнозинство е крајно отворен за можноста да се примат повеќе бегалци од оваа земја.

Главашевиќ за хрватскиот портал Индекс изјави дека пред неколку дена имало проценка на меѓународните организации, која, како што вели, сега е застарена, а која предвидува нешто повеќе од милион бегалци, доколку дојде до конфликт.

– Некои други проценки што ги слушнав денеска зборуваат за многу поголема бројка, меѓу три и пет милиони. Искрено се надевам дека нема да имаме можност да дознаеме, изјави Главашевиќ пред руската специјална воена акција против Украина.

Молдавија ќе воведе вонредна состојба и е подготвена да прифати десетици илјади лица од соседна Украина, изјави денеска молдависката претседателка Маја Санду.

– Ќе им помогнеме на луѓето на кои им е потребна нашата помош и поддршка, рече таа.

Десетици автомобили чекаат во колони на границата меѓу Украина и Молдовија, наведуваат молдависките интернет медиуми.

„Молдавија денеска ќе го затвори својот водушен простор и ќе ги пренасочи летовите кон другите воздушни пристаништа заради безбедносната ситуација во регионот“, соопшти земеник премиерот на земјата, Андреј Спину, во пост на Фејсбук.

Од друга страна, Белорусија информираше дека ќе затвори само „дел“ од својот воздушен простор.

„Набљудувајќи ја ситуацијата во регионот, Врховниот совет за безбедност препорача да се затвори воздушниот простор на Молдавија“, напиша на Телеграм, Спину.

Тој додаде дека воздушниот простор ќе биде затворен од 12 часот по средноевропско време, како и дека „сите летови ќе бидат пренасочени кон други аеродроми“.

Белоруското Министерство за одбрана соопшти дека „затвора дел од својот воздушен простор за цивилни авиони“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рот: Рускиот напад на Украина ја загрозува и цела Источна Европа, но и стабилноста на Западен Балкан

(Вознемирувачки видеа) Првични снимки од нападот на Русија на Украина

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сава пензиско друштво ги продаде акциите во Гранит

Редакција

Ескалира состојбата во Латинска Америка: САД почнаа да ги повлекувaат дипломатите од Венецуела

Редакција

Бројот на загинати во земјотресот на Хаити порасна на најмалку 1.297 лица

Редакција