еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Реџепи од Алтернатива пак се предомисли, ќе гласа против Владата

Пратеникот од Алтернатива, Скендер Реџепи ја прифати понудата на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски да поднесат нова иницијатива на која Реџепи ќе ги избере останатите 19 пратеници со кои ќе ја потпише, објави Телма.

Информацијата за телевизијата ја потврдил и пратеникот и од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ утре ќе поднесе нова иницијатива, што пак значи дека расправата за доверба на Владата во Собранието би се поместила од четврток во сабота.

Реџепи за Телма вели и дека за да нема пролонгирање, гласањето може да се одржи и во четврток, ако се земе предвид дека седницата мора да биде одржана најдоцна три дена по поднесувањето на иницијативата.

Според него, ако новата иницијатива биде поднесена утре, четврток ќе биде првиот ден од новиот рок и ќе му понудат на претседателот на Собранието, Талат Џафери, да не закажува нова седница, туку расправата да се одржи на веќе закажаната во четврток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицевски до Реџепи: „Ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада“

Апасиев се обидува да го камуфлира антиалбанизмот како анти-ДУИ, вели Реџепи

Реџепи од Алтернатива се предомисли поради Левица, го повлекува потписот од „списокот“ на Мицкоски

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО пресретнал најмалку три терористички напади кон Македонија, откри Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците

Редакција

Ковачевски без конкретен одговор за вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР, опозицијата ја обвини за шовинизам кон жените

Редакција

Лебот, сончогледовото масло за јадење и брашното ќе се продаваат по набавна цена

Редакција