еМагазин
Image default
Бизнис

Скопски „Водовод и канализација“ за девет месеци со добивка од 79,2 милиони денари

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје врз основа на финансиските извештаи за работата на претпријатието бележи добивка за период од првите девет месеци од 2021 година, информираат од таму.

Добивката од редовното работење од 1 јануари до 30 септември 2021 година изнесува 79.286.643 денари.

-Позитивниот финансиски резултат и остварената добивка од 79.286.643 денари за првите девет месеци од 2021 година доаѓа како одраз на домаќинското работење во изминатиот период, стратешко планирање на инвестициите насочени кон подобрување и унапредување на работните процеси, како и вкупната делотворност на претпријатието.

Тоа исто така е одраз и на професионалниот пристап и деталната финансиска анализа и план за приходите и расходите на претпријатието, изјави генералниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Душко Весковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова листа должници на УЈП: 4.698 граѓани и фирми должат 167 милиони евра за неплатени даноци

Редакција

„МојДДВ“: Скенирани повеќе од 22 милиони фискални сметки, повратот на ДДВ три милиони евра

Редакција

„Еуроимпекс“ го доби тендерот на Министерството за земјоделство за набавка на пет возила вреден 82.000 евра

Редакција