еМагазин
Image default
Македонија

Апасиев побара од Џафери да ја води седницата, бидејќи не е спречен во тоа, Собранието на уште еден час пауза

По повеќе од еден час продолжи, па по само неколку минути беше прекината собраниската седница за гласање доверба на Владата.

Овој пат Димитар Апасиев од Левица побара, повикувајќи се на член на Деловникот, претседателот на Собранието, Талат Џафери да дојде во салата и да ја води седницата, бидејќи не е спречен за тоа.

Потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели по ова даде уште еден час пауза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во салата има само 60 пратеници: Почна собраниската седница за гласање доверба на Владата, Џафери си замина

Апасиев рече дека неговото обраќање е во врска со член 60 и 61 од Деловникот за работа на Собранието.

-Согласно овој член став 1 алинеа 2  претседателот на Собранието ги свикува седниците и претседава со нив, и тоа е ставено како право и должност на претседателот.

Додека во делот на членот 61 вели дека потпретседателите, тоа сте вие и господинот Мисовски, кој е отстутен му помогаат на претседателот на Собранието и вршат други работи од неговиот делокруг.

Ставот 3 вели дека во случај на спреченост или отсуство на претседателот на Собранието го заменува еден од потпретседателите според однапред утврден редослед при што ќе се води сметка за подеднакво вклучување на потпретседателите, рече пратеникот на Левица.

Според него, Деловникот познава две ситуации, тоа е спреченост и отсуство на претседателот.

-Ние видовме дека претседателот Џафери ниту е спречен, ниту е отсутен, односно тој е присутен во зградава, па согласно тоа барам еден час пауза да дојде претседателот и да ја води оваа седница, бидејќи не се исполнети деловничките услови тој да отсуствува од истата, рече Апасиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собраниската седница за недоверба на Владата прекината поради немање кворум, кога и дали ќе продолжи не се знае

Претходно, пауза имаше на барање на заменик-координаторката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска, откако стана јасно дека опозицијата нема кворум за официјално отпочнувње на седницата и мнозинство за изгласување недоверба, бидејќи Кастриот Реџепи од Беса, иако потпишан на иницијатвата, не дојде на седницата.

Во меѓувреме во Собранието пристигнаа и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и на Беса, Биљал Касами.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидерот на Беса, Касами вели дека не е изненаден од одлуката на сопартиецот Реџепи

Мицкоски пристигна во Собранието, Реџепи од Беса го нарече “современ“ Амди Бајрам

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратеници застанаа зад иницијатива за формирање една изборна единица

Редакција

(Фото) Пристигнаа нови лесни оклопни возила JLTV од американско производство

Редакција

УХМР: Можни излевања на Вардар, Струмица и Црна

Редакција