На собраниската седница на која треба да се гласа за доверба на Владата, присуствуваат и двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во скафандери поради тоа што се позитивни на Ковид -19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Двајцата ковид-позитивни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, во скафандери пристигнаа во Собранието
Претседателот на Собранието, Талат Џафери на самиот почеток на седницата, откако ги повика да влезат во салата почитувајќи ги протоколите, изрази надеж дека „овој пат нема да има кривична пријава за биолошки тероризам“, укажувајќи на потребата за онлајн работа на Собранието.
– Се надевам дека нема да има кривична пријава за биолошки тероризам овој пат. Веројатно сите сме свесни што зборував пред година и пол за потребата од онлајн работа, рече Џафери.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО–ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничка Ангелика Петкова од истата пратеничка група во скафандери пристигнаа во Собранието и учествуваат на парламентарното заседание.
Токму ВМРО-ДПМНЕ и Левица претходно поднесоа кривични пријави за непостапување според здравствените прописи против претседателот на Собранието, Џафери и пратениците Бисера Костадиновска-Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ, поради тоа што двајцата пратеници гласаа во скафандери и изолирани во кабините на Салата со Купола за пакетот економски мерки за справување со пандемијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МИА/Фото: МИА