еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Мехмедовиќ: Пред нас е силен бран на Ковид-19, најмногу на удар ќе бидат невакцинираните

Доктор Злате Мехмедовиќ, докторант по јавно здравје, за телевизијата Сител вели дека сè уште сме во една поволна фаза кога не сме ја достигнале критичната точка кога може да се случи експлозија на бројките со новозаразени со Ковид-19, исто како што тоа се случи во земјите од регионот.

-Кај нас бројките постепено се зголемуваат, но тоа не значи дека нема да ја постигнеме критичната точка и дека во еден момент нема да ни биде потребен значителен број на здравствени капацитети за да можеме да им овозможиме здравствена заштита на оние на кои ќе им биде потребна, вели Мехмедовиќ.

За мерките коишто во моментов се активни кај нас, а кои се донесени од страна на Комисијата за заразни болести, Мехмедовиќ смета дека не се во насока на тоа да го ублажат ударот од силниот бран кој ќе следува.

-Никој не ја знае точната критична точка кога ќе се случи експлозија на бројките со новозаразени од коронавирусот. Пред нас е сериозен пик кој сериозно ќе го оптовари здравствениот систем.

Мислам дека не е тоа нешто што е возможно да се избегне. Гледаме што се случува во Бугарија, во Србија или во Грција. Секаде во соседството има една сериозна епидемиолошка критична состојба, која наскоро ќе се пресели и кај нас.

Ситуацијата овде ќе биде дури и полоша од онаа што ја гледаме во соседството. Доколку јас се прашувам, уште веднаш би вовел нови мерки кои би го ублажиле тој иницијален силен бран.

Пандемијата треба да се контролира преку превентивни мерки, а не преку клинички мерки. Најважно е да се намали бројот на новоинфицирани и на тој начин да се намали притисокот и оптовареноста врз здравствениот систем, вели Мехмедовиќ.

Најмногу на удар ќе бидат невакцинираните, посочува тој.

-Многу мал е бројот на вакцинирани кои завршуваат во болница поради компликации од коронавирусот и тоа е така во сите земји. Затоа треба да се зголеми процентот на вакцинирани граѓани.

Веројатно ние сме единствената држава во светот која има 37 отсто вакцинирано население, а 100 отсто од населението поседува сертификат за вакцинација. Тоа значи дека немаме доволна контрола.

Ако имате соодветни мерки, тогаш тие треба да се почитуваат. Не треба вие да апелирате да се почитуваат мерките, туку треба да го контролирате спроведувањето на мерките. Нè очекува сериозно тешка зима, вели Мехмедовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Мехмедовиќ: „Не очекува „пандемиска“ зима и влошување на ситуацијата кон средината на ноември, но има разлика од лани“

Доктор Мехмедовиќ за СП: Не е добро да се комбинираат вакцините, влегуваме на непознат терен

Фото: Фејсбук/Мехмедовиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топло и денеска: Температурата ќе се искачи до 41 степени

Редакција

(Фото) Маричиќ, Тренчевска, Костадиновска Стојчевска на Парадата на гордоста во Скопје

Редакција

Биониженерот Кунгуловски: Носењето маски на отворено кога нема висока агрегација на луѓе е небулозно и бескорисно

Редакција