Алтернатива следната недела ќе реши дали ќе биде дел од новото парламентарно мнозинство, а одлуката за тоа дали партијата ќе влезе во Владата ќе биде донесена по најавената средба на партискиот лидер Африм Гаши со премиерот Зоран Заев.
Гаши во изјава за „МКД.мк” посочува дека е започната внатрешна дебата во партијата од која треба да произлезе конкретен став за ова прашање.
Од друга страна, членот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими за „Плусинфо” вели дека на 23 ноември ќе се одржи состанок на Централното претседателство на партијата, а потоа одлуката што ќе биде донесена од ова партиско тело, ќе треба да биде потврдена и од партиското Собрание, кое е највисок орган на Алтернатива.
Според Ибрахими, засега тие остануваат во опозиција, но „за секој нов предизвик ќе се произнесат“.
Прашањето за можно вклучување на Алтернатива во Владата на Заев се актуализира минатата недела, од кога минатата недела пропадна обидот на ВМРО-ДПМНЕ да формира ново парламентарно мнозинство и да му се изгласи недоверба на владиниот Кабинет.
Во моментов Алтернатива е во коалиција со Алијансата за Албанците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев го поканил лидерот на Алтернатива, Гаши на разговори за да партијата стане дел од Владата
МИА/Фото: Фејсбук/Гаши