еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани 47% од полнолетните граѓани, 56.349 примиле трета доза

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.961 дози вакцини, од кои 1.721 се аплицирани како прва доза, 1.030 се ревакцинирани, а 2.210 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 15 ноември вкупно се вакцинирани 815.523 граѓани, ревакцинирани се 785.916, а трета доза примиле 56.349 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Педесет и седум отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, стои во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанева на средба со јавниот обвинител Јовески: Се одредува судбината на истрагите и предистрагите на СЈО

Редакција

Антикорупциска отвори постапка за доделувањето на наградата „Св. Климент Охридски“

Редакција

Нови 148 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје и Кочани

Редакција