еМагазин
Image default
Македонија

Алтернатива следната недела ќе одлучува за можно влегување во Владата на Заев

Алтернатива следната недела ќе реши дали ќе биде дел од новото парламентарно мнозинство, а одлуката за тоа дали партијата ќе влезе во Владата ќе биде донесена по најавената средба на партискиот лидер Африм Гаши со премиерот Зоран Заев.

Гаши во изјава за „МКД.мк” посочува дека е започната внатрешна дебата во партијата од која треба да произлезе конкретен став за ова прашање.

Од друга страна, членот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими за „Плусинфо” вели дека на 23 ноември ќе се одржи состанок на Централното претседателство на партијата, а потоа одлуката што ќе биде донесена од ова партиско тело, ќе треба да биде потврдена и од партиското Собрание, кое е највисок орган на Алтернатива.

Според Ибрахими, засега тие остануваат во опозиција, но „за секој нов предизвик ќе се произнесат“.

Прашањето за можно вклучување на Алтернатива во Владата на Заев се актуализира минатата недела, од кога минатата недела пропадна обидот на ВМРО-ДПМНЕ да формира ново парламентарно мнозинство и да му се изгласи недоверба на владиниот Кабинет.

Во моментов Алтернатива е во коалиција со Алијансата за Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев го поканил лидерот на Алтернатива, Гаши на разговори за да партијата стане дел од Владата

МИА/Фото: Фејсбук/Гаши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за поранешен градоначалник​ на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“

Редакција

Апасиев: Денес и утре се клучни денови

Редакција

Владата го повлече својот првичен предлог Илир Мехмеди да е директор на М-НАВ, и го предложи Хекуран Асани

Редакција