Советот на Општина Новаци ја прифати иницијативата на градоначалникот Стевче Стевановски, буџетските средства планирани за новогодишно украсување на општината да се пренаменат и употребат за добротворни цели.
Средствата ќе ги користат социјално загрозени семејства и жители на Општина Новаци, информираа од тамошната локална самоуправа.
Советот на Општина Новаци одлучи да набави таблети за 14 деца од четврто одделение кои работат и следат настава според концепција за основно образование преку електронски учебници.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.