еМагазин
Image default
Македонија

Предметот ТНТ за уривање на Космос е пред крај, откако доказите на одбраната се одбиени

Пред крај е судскиот процес попознат како ТНТ, кој се однесува на уривањето на Космос на бизнисменот, Фијат Цановски, пренесува телевизија „Телма“.

На денешното рочиште, сите докази кои ги поднесоа адвокатите на обвинетите, судијата Огнен Ставрев ги одби.

За ова согласност даде и поранешниот обвинител на Специјално јавно обвинителство, кој го отвори случајот, Бурим Рустеми, освен за еден доказ за кој се согласи да биде изведен.

Смета дека предлогот од ново да се повикуваат сведоци наместо да бидат читани нивните сведочења е обид за одолговлекување на постапката.

За обвинетите пак, ваквото постапување на судот е со цел постапката да заврши побрзо, а тие да бидат осудени без да им се дозволи да ги искористат своите права во постапката.

Во овој случај обвинети се екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски и четворица службеници, а во отсуство му се суди и на поранешниот премиер Никола Груевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа петмина нови пациенти од Ковид-19

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 50 пациенти, а вкупно се лекуваат 478

Редакција

Бројката на заболени од корона вирусот останува на 35, но се тестираат 30 лица

Редакција