еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Со школски прибор до влез на прекрасниот хуманитарен настан „Од децата за децата“

На 7. декември, сабота, во 12.00 часот во Кинотека на Македонија во Скопје ќе се одржи 7. хуманитарен фестивал за деца со попреченост во развојот „Од децата за децата“ организиран од „Македонски вознес“ со Виолета Ачкоска и Виолета Сековска.

Ова е еден прекрасен хуманитарен фестивал чија влезница се плаќа со прибор за училиште. Истите ќе бидат за учениците од училиштата ПОУ „Д-р. Златан Сремец“ – Скопје и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“.

Присутните ги очекува одлична атмосфера и многу другарување со децата од цела Македонија кои ќе бидат таму со своите родители и ментори.

Децата со попреченост во развојот и нивните родители секојдневно се соочуваат со потешкотии и предизвици кои можат да ги надминат верувајќи дека постојат луѓе во Македонија кои ги сакаат и можат да ги поддржат. Малите чекори им даваат инспирација и мотивација дека постои добрина во нашето општество.

Организаторите порачуваат до сите што ќе дојдат на фестивалот дека не само што ќе си поминат убаво, туку и ќе помогнат во нивната цел за инклузија на децата со попреченост во развојот во нивните општествени активности како стекнување пријателства со врсниците, активно вклучување во заедницата.

Со тоа што ќе дојдете на овој хуманитарен фестивал создавате повик за еднакви права, можности, прифаќање и соживот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Лансиран новиот Schweppes Pink mixer style

Редакција

(Фото) „Меџик“ маркетите на Макпетрол со ново име, ВЕРНА Shop & drive

Редакција

A1 Македонија четврта година по ред со едукација на децата за безбедно користење на интернет

Редакција