еМагазин
Image default
Македонија

Орце Камчев дојде сам на судењето за „Рекет“, неговата сопруга Ана била болна

Во Кривичниот суд претпладнево продолжи судењето за случајот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

На денешното рочиште треба да сведочи бизнисменот Орце Камчев. Како сведок исказ требаше да даде и неговата сопруга Ана Камчева, но таа не дојде, бидејќи, според кажувањето на Орце, била болна и има покачена температура.

Судијката Васка Николовска Масевска побара на следното рочиште Камчева да донесе медицинска документација за да го оправда денешното отсуство.

Во судница од домашен притвор е донесена Јанева, а Боки 13 од КПУ Затвор – Скопје каде што издржува мерка притвор.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува судењето за „Рекет“: Ќе сведочат Орце и Ана Камчеви

Ќе открие ли Боки 13 навистина каде се парите и кој е организаторот и помагачите во „Рекет„?

„Боки 13 шокираше со изгледот“: Судењето за „Рекет“ топ тема во регионот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што е пасаван, со кој според Вучиќ, Груевски избега до Унгарија

Редакција

„Плодна средба“ во Софија меѓу Љубчо Георгиевски и Екатерина Захариева

Редакција

Таравари: Да покажеме респект кон семејството Меџити за смртта на нивната ќерка

Редакција