еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Д-р Даниловски: Новите мерки немаат никаква смисла

Комисијата за заразни болести конечно се реши да ја разгледа епидемиолошката состојба во државата, меѓутоа, предложените мерки нема да имаат никаков противепидемиски ефект, вели за Плусинфо, епидемиологот д-р Драган Даниловски, кој вели дека препораката сите вработени во јавниот сектор да приложуваат потврда за најмалку една примена вакцина нема никаква епидемиолошка смисла.

– Веќе на сите им е одамна јасно: една доза е исто како и ниедна во однос на заштитата од заразување со коронавирусот. Очигледно е дека мотивот зад оваа препорака е да се поттикне вакцинацијата, но ваквата мерка нема никаков противепидемиски ефект.

Имајќи предвид дека и вакцинираните со две дози не се заштитени во голема мера од заразување, а кај нас се покажа дека таа заштита е околу 20 проценти, дури и ако би се барала потврда за примени две дози, повторно би се постигнал незначителен противепидемиски ефект.

Вакцинираните со две дози би се стекнале со чувство на лажна сигурност и би се впуштиле безгрижно во дружби. Притоа, ако би се заразиле, тие би претставувале подвижни извори на зараза, оти постои можност да бидат без или со сосема благи симптоми и тоа не би го намалило интензитетот на нивното дружење.

За разлика од вакцинираните со две дози, невакцинираните и непрележаните, ако би се заразиле, би имале потешки симптоми и сигурно би си останале дома. И не би претставувале значајни извори на зараза.

Настрана фактот што има лица кај кои воопшто не се развиваат антитела, особено оние кои примиле кинески вакцини, објаснува д-р Даниловски.

Тој вели и дека мерката за прележаните да приложат потврда за прележан Ковид-19 не постара од 45 дена е епидемиолошки неоправдана и бесмислена.

Од друга страна, тој смета дека е оправдана мерката за приложување негативен ПЦР тест за сите оние кои не се вакцинирани и кои не ја прележале болеста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Беќаровски за новите мерки: Во лифт се осеќам побезбедно кога се возам со вистински прележан од Ковид-19, отколку со комплетно вакциниран

Д-р Пановски за новите мерки: Три пати дарува крвна плазма, спасува животи и има 32 илјади антитела, а државата му брани да оди на работа?!

Доктор Пановски за новите мерки: „Младите се снајдоа, имаат сертификати од други лица и влегуваат каде сакаат“

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Времето денеска на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Редакција

(Фото) Скопските пожарникари апелираат: „Ние останавме на работа, Вие седете дома, спасете живот“

Редакција

УХМР: Можно слевање вода во градските средини и локално излевање на помалите реки

Редакција