еМагазин
Image default
Македонија

Тројца наши лекари се очекува да се вклучат во тимот за обдукција на загинатите во автобуската несреќа

Тројца лекари од Институтот за судска медицина во Скопје се очекува денеска да се приклучат на експертскиот тим во Софија, кој ќе врши обдукција и идентификација на телата на загинатите македонски државјани во автобуската несреќа во Бугарија.

Како што соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи, нашите тројца експерти се веќе во Софија со цел да помогнат за побрзо завршување на обдукцијата.

По известување од министерот за здравство и укажување од неговиот бугарски колега дека за нивен ангажман ќе биде потребна официјална нота од македонска страна преку бугарското МНР до Обвинителството во Софија, тоа е, вели Османи, направено.

Вчера нотата е испратена со барање тројцата експерти на Институтот за судска медицина во Скопје да бидат дел од експертскиот тим за обдукција и идентификација на телата.

– Тоа барање е упатено конечно до Обвинителството, процедура која сепак според бугарските власти треба да се почитува и очекувам Обвинителството да го одобри нивното вклучување во процесот на идентификација, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По идентификацијата, останките на загинатите ќе бидат пренесени во Македонија

Трошоците за враќање на загинатите во несреќата во Бугарија ќе ги покрие државата

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апсолутно е невозможно да се детектира од каде доаѓаат дојавите за бомби, вели премиерот

Редакција

Учениците се враќаат на настава, почнува второто полугодие

Редакција

Повеќе од половина милион граѓани вакцинирани против Ковид-19

Редакција