еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Трошоците за враќање на загинатите во несреќата во Бугарија ќе ги покрие државата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва на прес-конференција изјави дека очекува брза и сеопфатна реакција на надлежните служби и оти верува дека со една заедничка соработка со бугарските институции многу бргу ќе имаме одговор околу сите нејаснотии околу автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа 45 патници, а седум се повредени и согласно тоа ќе има ефикасност во утврдувањето на одговорноста.

-Она што засега можам да го кажам и е во доменот на податоци со кои располага МВР е дека последната извршена проверка на техичката исправност на автобусот е на 5 октомври 2021 година, а истражната постапка ќе ги даде одговорите на сите отворени прашања.

Нашата земја и Бугарија се заедно во тагата за жртвите во трагичната сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“, но и во активностите за расветлување на причините за автобуската несреќа, за идентификувањето на жртвите во несреќата, за давање помош и за лекување на настраданите за што сме благодарни, рече Спасовски.

Спасовски изразувајќи најдлабоко сочуство до семејствата на загинатите, порача дека Владата останува со семејствата и дека институциите се тука да обезбедат поддршка и помош согласно потребите.

-Веќе е извесно дека организацијата и трошоците околу враќањето на жртвите во земјава ќе бидат на товар на државата, рече министерот за внатрешни работи.

Информираше уште утринава на бугарскиот колега Рашков му најавил дека тим на МВР од униформираната и сообраќајната полиција, како и од одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења тргнал за Бугарија и се ставил на располагање за помош и поддршка на бугарските колеги.

Во Бугарија пристигнале и претставнции на неколку стручни служби кои ја понудиле експерстката помош, како и на обвинителство кои на колегите од бугарското обвинителство ќе им ја обезбедат и ќе им ја предадат целокупната потребна документација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Против „Беса Транс“ годинава четири кривични пријави за непочитување на ковид протоколите

Се огласија од „Беса транс“: Компанијата во целост соработува со надлежните институции

Aвтобусот се движел со над 100 километри на час и нема ниту еден милиметар знаци на кочење – несреќата е резултат на човечка грешка, вели секретарот за безбедност на Перник

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за образование и наука склучи договор со “ЕРР-коп 2007“ вреден 572 илјади евра

Редакција

Од денеска исти правила за патување на грчките острови, како и за влез во Грција

Редакција

„Бауер БГ“ го доби тендерот на Град Скопје за изградба на ул.Есенинова вреден 1,1 милион евра

Редакција