еМагазин
Image default
Македонија

Против „Беса Транс“ годинава четири кривични пријави за непочитување на ковид протоколите

Против превозникот „Беса Транс“, чијшто автобус ноќеска имаше сообраќајна несреќа во Бугарија во која загинаа 46 лица, Државниот инспекторат за транспорт (ДТИ) годинава поднел четири кривични пријави за непочитување на протоколите за Ковид-19 за јавен превоз на патници, потврди за МИА директорот на ДТИ, Руфат Хусеини.

Министерството за транспорт и врски претходно соопшти дека „Беса Транс БТБ“ со адреса на улица 1 број 1 во село Рашче, Скопје, имала важечка лиценца до 8 август следната година.

– Кон барањето е доставена целокупната документација согласно член 8 од Законот за превоз во патниот сообраќај, со што превозникот ги исполнил условите предвидени во Законот и му е издадена лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници.

Со барањето за добивање на лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници, превозникот ги исполнил условите за добивање на лиценца и издадена му е лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници со сериски број 007017 со важност од 08.08.2018 година до 08.08.2022 година.

Од тој момент превозникот се нема обратено до Министерството за транспорт и врски, Сектор за патен сообраќај, со поднесено барање за добивање на извод од лиценца за ново набавено возило, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Компанијата досега немала сообраќајни незгоди, но како што изјави шефицата на ОЈО, Вилма Русковска, мора да се провери соодветната документација за техничката состојба на автобусите.

Според првичните информации, автобус бил нов и во функција е само три години.

Автобусот со македонска регистрација влегол во Бугарија од Турција преку граничниот премин „Капитан Андреево“ нешто по 21 часот, а несреќата се случила околу 2 часот по македонско време на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија – Благоевград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласија од „Беса транс“: Компанијата во целост соработува со надлежните институции

„Беса Транс“ имала важечка лиценца за превоз, седиште и е во Ќустендил, а на адресата се регистрирани уште 23 фирми

Aвтобусот се движел со над 100 километри на час и нема ниту еден милиметар знаци на кочење – несреќата е резултат на човечка грешка, вели секретарот за безбедност на Перник

МИА/Фото: Фејсбук/Беса Транс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ивор Мицковски: Не ви врви причата дека се е напад врз нацијата

Редакција

Боки 13 поднесува кривични пријави за најмалку 30 лица, поврзани со „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“

Редакција

Поранешниот министер Ристовски предложил 50 видео материјали за судењето за „организаторите на настаните од 27 април“

Редакција