еМагазин
Image default
Македонија

Ивор Мицковски: Не ви врви причата дека се е напад врз нацијата

Аналитичарот Ивор Мицковски на Фејсбук со свое видување за тоа како се менаџира со последиците од случајот “Рекет“ на Јавното обвинителство.

“Не ви врви причата дека се е напад врз нацијата, дека се нешто прави стариот режим, стар некој си криминал.

Ало, кого правите будали. Конечно ги имавте сите инструменти тоа да го средите, да се соочите со тие елементи и видовме што направивте.

Се знае како функционира во оваа земја, се менуваат луѓето, системот останува истиот.

Што значи треба да почнете да размислувате што со криминалците во вашите редови.

За криминалците од режимот ве видовме, речиси ништо не направивте,ништо не сменивте. Еден лежи за мерцедес и еден за кубење, неколку што не прифатија амнестија, и се друго е на слобода.

Не продавајте приказни за архајски сили, туку средете го актуелниот криминал, актуелните политички функционери кои се дале на криминал, и кои тоа го правеле со политичка поддршка или со игнорантски однос од страна на политиката.

И уште една работа. Се повикувате на некаков напад врз правната држава. Дечки, тоа што сте прозападно ориентирани, не ве прави поштени, ниту државата ја прави правна држава. За напад врз правна држава, треба прво да постои правна држава.

Така да, не паѓајте во авторитарната илузија да се идентификувате со државата и да се еректирате во позиција на единствени бранители.

Затоа, престанете и со тој булшит, зошто ако така продолжите, тогаш само признавате дека ништо не ни сакате да оправите, односно, не можете, затоа што самите сте дел од проблемот.

Проблемот доаѓа од вас, од ваши луѓе, од ваши некои ново печени елити, од вашите избрани или поставени функционери, од вашите лоши друштва и вашиот лош избор да влезете во кондурите на веќе постоечкиот систем“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОК, Катица го договарала Камчев за соработник-сведок, а Боки 13 во која улога е во приказната?

Дечки, “мрачните сили“ не отидоа по рекет кај Камчев, Боки 13 беше

„Мамо, мамо, дојди Катица и Лиле се степаа надвор“: Твитер реакции за „Рекет“, Јанева, Стефанова, Камчев, Боки 13

Адвокатката Јошевска: „Русковска троа нека одмори, имаме ние време, нека не брза“

Фото: Фејсбук/Мицковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: Лажни покани по мејл се испраќаат во име на полициски функционер

Редакција

Употребата на имињата на цар Борис Трети и цар Фердинанд е за да се покаже заедничка историја со Бугарија до 1944, вели историчарот Панов

Редакција

Заев раѓањето на Гоце Делчев ќе го слави во Бугарија

Редакција