еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

ОК, Катица го договарала Камчев за соработник-сведок, а Боки 13 во која улога е во приказната?

Специјалната обвинителка во заминување, Катица Јанева, која деновиве не ја гледаме, ама ја слушаме во аудио снимките кои ги објави италијанскиот весник “Ла Верита“, вчера преку соопштение ни кажа дека преговарала со осомничениот во случајот “Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), бизнисменот Орце Камчев, кој е пак сведок во друг случај “Рекет“ на Јавното обвинителство, да стане соработник-сведок за нова предистрага на СЈО.

ОК. Никој не и го спори правото на Јанева како шефица на СЈО и како обвинител, да преговара и да нуди спогодби некому за да правдата биде задоволена, нормално ако се тоа е во рамките на законот.

Изминативе години се изнаслушавме на бројни шпекулации кој се е сведок на СЈО. И тука нема ништо спорно. Се за правдата!

Ама останува нејасно што бара Боки 13 во приказната? Тој не е обвинител, ниту истражител, ниту адвокат… Се надеваме не е ни посредник.

Јанева потврди дека во аудио снимките кои ги објави „Ла Верита“ го слушаме нејзиниот глас, но не ни кажа дали тој е “сечен, монтиран и лепен“, оти јавноста веќе си формираше слика како изгледало тоа „дружење“ со Боки 13 и Камчев, а таа слика не оди во нејзин прилог.

Јанева до сега не демантираше ни дека додека Камчев и осомничениот во „Рекет“, Бојан Јовановски (Боки 13) разговараат е присутна и таа, и зборува преку спикерфон.

Дека во аудио и видео снимките кои Јавното обвинителство ги поседува како доказ за “Рекет“ се слуша глас на обвинител потврдија и од Обвинителството.

Јанева на прес-конференцијата во СЈО, која ја одржа сама, рече дека Боки 13, но и други лица, го злоупотребувале нејзиното име и презиме, ама не објасни како. Прочита изјава и не дозволи новинарски прашања.

Богами на многу прашања треба да даде одговор, не само кога ќе и дојде времето за распит во Обвинителството, туку и на граѓаните, кои ја плаќаат да ни донесе правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дечки, “мрачните сили“ не отидоа по рекет кај Камчев, Боки 13 беше

„Мамо, мамо, дојди Катица и Лиле се степаа надвор“: Твитер реакции за „Рекет“, Јанева, Стефанова, Камчев, Боки 13

Најави ли Катица Јанева и нови: За кои актуелни функционери СЈО има истраги?

И се закани ли Јанева на власта за “Рекет“?

Фото: Боки13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Партијата „ЗНАМ“ на Димитриевски за неколку часа ги собра потписите за регистрација

Редакција

Аќуа-инженеринг АГЕ го доби тендерот за изградба на фекална и атмосферска канализација во Гостивар вреден 2,3 милиони евра

Редакција

Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција