еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Најави ли Катица Јанева и нови: За кои актуелни функционери СЈО има истраги?

Во соопштението кое специјалната обвинителка во заминување, Катица Јанева го испрати откако во аудио снимка која ја објави италијанскиот весник „Ла Верита“ се слушна и нејзиниот глас, таа најави обелоденување на истраги со кои ќе бидат опфатени и актуелни функционери, по кои многу работи ќе станале појасни, зошто се водела „хајка“ против нејзе.

За сега е нејасно дали станува збор за нови истраги или за истраги кои веќе и се познати на јавноста, како „Попис“, во кој се води истрага за пратеникот и лидер на ДУИ, Али Ахмети и за „Пациент“, во кој се гони вицепремиерот за европски прашања, Бујар Осман.

Во предметот пак „Титаник 3“, за кој се уште трае судењето, се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

За членови или функционери од СДСМ, СЈО до сега нема отворено случај.

До каде е истрагата за “Попис“?

Во изминативе шест месеци како што стои во последниот извештај на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) од март годинава, за предметот „Попис“, кој е во истражна постапка, биле испитани повеќе сведоци.

“Во насока на утврдување на вкупниот износ на парични средства кои се издвоени од Буџетот на Р. Македонија за спроведување на попис на населението, домаќинствата и становите во Р.Македонија во 2011 година, ова Јавно обвинителство на ден 25.01.2019 година донесе наредба за економскофинансиско вештачење, кое се уште не е изготвено“, стои во извештајот, во кој нема други детали за овој предмет.

Инаку „Попис“ се однесува за основано сомневање за злоупотреба на своите овластувања на претседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и ДУИ, Али Ахмети, кои во 2011 година се договориле да го одложат спроведувањето на веќе почнатиот попис.

Според обвинителката Фатиме Фетаи, на 10 и 11 октомври 2011 година осомничените се договориле да се запре спроведувањето на пописот, со што е причинета штета од 175 милиони денари.

„Има основани сомневања дека како дел од владејачката коалиција, двајцата претседатели на партиите се договориле дека нема политички капацитет за спроведување на пописот и дека се неопходни дополнителна обука и усогласување на стандардите со меѓународните норми. Потоа Владата предложила да престане да важи Законот за попис, а потоа преку пратениците од владејачката коалиција на 15 октомври 2011 година Собранието донесува решение за одложување на пописот“, рече Фетаи на презентацијата на овој предмет.

Што се случува со „Пациент“?

Во однос на предметот „Пациент“ на ден 09.10.2018 година донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против 15 лица поради постоење на основно сомнение дека сториле кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување чл.353 ст.5 в.в со ст.1 и чл.45 од кривичниот законик, стои во последниот извештај на СЈО, во кој меѓу неколкуте лица е осномничен и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, кој во неколку наврати негираше било какви незаконски дејствија.

“Во текот на извештајниот период, преземени се повеќе истражни дејствија, односно испитани се повеќе лица во својство на сведоци, испратени се барања за податоци до повеќе институции со кои е обезбедна потребната документација.

По извршениот увид во списите на предметот, осомничениот во почетокот на месец март, даде своја одбрана по наводите содржани во наредбата за спроведување на истражна постапка“, стои во извештајот на СЈО.

Во случајот „Пациент“ се осомничени 15 лица, меѓу кои и Османи како поранешен министер за здравство.

СЈО ги сомничи дека фаворизирале и доделиле јавна набавка на фирма од Бугарија, за која иако знаеле дека не ги исполнува условите, била избрана да ги реконструира болниците во Тетово и Охрид, како и гинеколошката клиника Чаир во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео/аудио) Трета „бомба“ од „Ла Верита“: Повторно се слуша гласот на Јанева, а се споменува и премиерот Заев

И се закани ли Јанева на власта за “Рекет“?

(АУДИО) Хит на социјалните мрежи: „Се ќе биде океј“, песна со Јанева и Камчев

“Нема рекет, нема мир“: Твитер реакции за „Рекет“, Јанева, Камчев, Боки 13…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје не доби лиценца, БЕГ ќе не грее и оваа сезона

Редакција

Македонскиот клуб во Благоевград се отвара со засилено полициско обезбедување и голем медиумски интерес

Редакција

Ќе има ли смена на Христијан Мицкоски?

Редакција