еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

И се закани ли Јанева на власта за “Рекет“?

Откако италијанскиот весник „Ла Верита“ објави аудио снимка во која се слуша и нејзиниот глас, повторно до јавноста, овојпат преку соопштение, се обрати специјалната обвинителка во заминување, Катица Јанева, која е на одмор до 15. август како што неодамна информираа за медиумите од Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Освен што потврди дека нејзиниот глас се слуша во аудио снимката и ги повика истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, за да се обели нејзиното име, таа како и на прес-конференција во СЈО (на која пред неколку дена се појави сама), најави десетина истраги, подготвени за брзо процесирање, од страна на СЈО, по кои многу нешта ќе биле појасни за јавноста.

“Во тие истраги се осомничени и се надевам дека ќе бидат обвинети многу поранешни и сегашни функционери во власта и значајни личности во партиите, па од таму е јасно зошто некој со сите сили и со невидена медиумска хајка се обидува да го загрози мојот и кредибилитетот на СЈО како и на сите други обвинители, а со тоа се обидува да ги уништи кривичните предмети кои се водат во обвинителството. Се надевам дека тоа нема да се случи“, стои во нејзиниото соопштение.

И по нејзиното соопштение, останува нејасно (на прес-конференцијата не дозволи новинарски прашања), дали станува збор за истраги кои веќе се објавени или за нови, но и дали ваквите најави се порака до актуелната власт за случајот “Рекет“ на Јавното обвинителство, со кој секејдневно се поврзува и нејзиното име.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најави ли Катица Јанева и нови: За кои актуелни функционери СЈО има истраги?

(Видео/аудио) Трета „бомба“ од „Ла Верита“: Повторно се слуша гласот на Јанева, а се споменува и премиерот Заев

(АУДИО) Хит на социјалните мрежи: „Се ќе биде океј“, песна со Јанева и Камчев

“Нема рекет, нема мир“: Твитер реакции за „Рекет“, Јанева, Камчев, Боки 13…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието ги донесе законите за данокот на солидарност, за додадена вредност и за данок на добивка

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Најмалку 3.457 деца убиени во Газа, секојдневно се убиени или повредени повеќе од 420

Редакција

Нови 141 случаи на заразени од корона вирусот

Редакција