еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе има ли смена на Христијан Мицкоски?

Во политичките кругови, но и во медиумите се почести се шпекулациите дека по гласањето за стартот на уставните измени, предвидени со договорот за името со Грција, ВМРО-ДПМНЕ може на вонреден конгрес да добие нов лидер.

Шпекулаци дека Христијан Мицкоски нема да биде долго на лидерската позиција на партијата, кажи речи има уште со неговото стапување на претседателската функција.

Од тогаш има и незадоволство за неговиот избор.

Пред конгресот во Валандово, на кој беше избран, неколку високи функционери на партијата отворено покажаа дека партијата не го прави вистинскиот избор.

Изминативе неколку месеци откако ја води најголемата партија во Македонија, незадоволство од неговата работа изразија и други функционери, членови и симпатизери на партијата, но и светски и европски политичари.

Една неодамнешна анкета покажа дека тој и по неколку месечно водење на партијата, има послаб рејтинг од поранешниот лидер, Никола Груевски.

Дали одлуката на седумтте сега веќе бивши членови на партијата да гласаат “за„ старт на промена на Уставот, ќе му „пресуди„, ќе стане јасно за многу брзо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ли смени на лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ: Кои се членовите на Централниот комитет

Христијан Мицкоски доби подршка и од Антонијо Милошоски

Трајко Вељаноски му даде подршка на Христијан Мицкоски

Ќе се распадне ли ВМРО-ДПМНЕ по исклучување на 7. пратеници кои гласаа „за“ промена на Уставот

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Законите за коридорите 8 и 10д ќе се носат со европско знаменце

Редакција

Запознајте ги членовите на ДИК: Која е Елизабета Постоловска

Редакција

„Заедно напред“ е официјалниот слоган на Стево Пендаровски за претседателските избори

Редакција