еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Дечки, “мрачните сили“ не отидоа по рекет кај Камчев, Боки 13 беше

Додека јавноста е благо кажано шокирана од онаа што неколку дена го гледа и слуша од снимките кои ги објави италијанскиот весник “Ла Верита“, а кои се однесуваат на мега-скандалот “Рекет“, кој доправа ќе се шири, во истите од владејачката СДСМ видоа “мрачни сили“ кои сакаат да и наштетат на Македонија.

Од СДСМ се обидоа и скандалот да и го „закачат“ на ВМРО-ДПМНЕ, ама без ефект. Не за друго, речи се околу “Рекет“ се врти околу лица блиски или функционери на владејачката партија.

Зарем има некој во Македонија што верува дека Боки 13 е главната фаца во “Рекет“ и дека „игра„ сам? Нормално дека не.

И лидерот на партијата, премиерот Зоран Заев во снимките виде “непријатели на нашата земја“ и вели дека: “нема да им успее планот преку користење криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава, членството НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ“.

Тоа допрва ќе видиме есенва. И така од ЕУ веќе ни имаа најдено куп мани. И со право. После “Рекет“ само еден Бог знае што сега мислат за нас.

Уште првиот ден кога Јавното обвинителство сподели детали со јавноста за “Рекет“, информираше дека поседуваат видео и аудио снимки.

Е, сега пред ние да видиме и слушнеме дел од тие снимки, можеме да претпоставуваме кој се ги видел и слушнал, од лидери на партии до дипломати, па затоа навистина е беспредметна и дискусијата како тие завршиле до италијанскиот весник.

Патетично е „плачењето“ дека еве веќе истите ги злоупотребува кој ќе стигне. Е, па дечки, политика е тоа.

Затоа, наместо допoлнителна драма, од која на сите ни е веќе преку глава, надлежните институции сериозно да се фатат за работа и да се реши овој случај, што е можно побрзо. Оти други ќе го решат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОК, Катица го договарала Камчев за соработник-сведок, а Боки 13 во која улога е во приказната?

Ивор Мицковски: Не ви врви причата дека се е напад врз нацијата

„Мамо, мамо, дојди Катица и Лиле се степаа надвор“: Твитер реакции за „Рекет“, Јанева, Стефанова, Камчев, Боки 13

Адвокатката Јошевска: „Русковска троа нека одмори, имаме ние време, нека не брза“

Фото: Боки 13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичкиот карневал ќе се одржи на 25 февруари

Редакција

Најмладата малолетничка во Македонија која абортирала има само 13 години

Редакција

Струмичанец починал на работа од струен удар

Редакција