еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Од денеска исти правила за патување на грчките острови, како и за влез во Грција

Речиси истите правила и предуслови што важат за влез на странски туристи во Грција, односно или поседување сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 или негативен тест, од денеска важат и за патувањата на грчките острови, без оглед дали е со брод или авион, јави дописничката на МИА од Атина.

За патување со сертификат за вакцинација, потребно е да се поминати 14 дена од ревакцинацијата, а признати се и европскиот дигитален сертификат и сертификатите од трети земји.

Оние кои прележале Ковид-19, може да патуваат со соодветна потврда, издадена 30 дена по првиот позитивен тест и со важност 180 дена од позитивниот тест.

Другите пак, кои не се вакцинирани, ниту пак прележале, потребно ќе биде да направат или ПЦР тест до 72 часа пред патувањето или рапид тест 48 часа претходно.

И во овој случај, Грција ги прифаќа и тестовите од други земји, доколку потврдата за негативен резултат од тестот е на грчки, англиски, француски, германски, шпански, италијански или руски јазик.

Децата до 12 годишна возраст (родени по 1 јули 2009 година), ќе патуваат слободно, а за оние од 12 до 18 години, потребен е било каков тест, вклучително и селф тестот, односно тестот за домашна употреба.

За враќање од островите, заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас, во четвртокот рече дека постои препорака сите над 12 годишна возраст да прават селф тестови.

Досега, на островите, можеше да се патува и со направен тест за домашна употреба, откако граѓаните, резултатот го пријавуваа на специјален сајт.

Освен неопходните документи поврзани со Ковид-19, за патување со брод на грчките острови, задолжително е и пополнување на специјален формулар, достапен на sea.travel.gov.gr.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Летување во Грција: Детален список на цени од ноќевање, лежалки, кафе до леб

Поскапо летување во Грција за невакцинираните и тие што не прележале Ковид-19

МИА/Фото: Photo by Artiom Vallat on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Емоционални и стравични сцени од Скопскиот земјотрес на снимките од британските архиви

Редакција

Уставниот суд пресече: Нема пари за вработените во СЈО

Редакција

ЕУ не стави на „црна листа„ за патување, секоја земја членка сама ќе одлучува како ќе применува одлуката

Редакција