еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Драстично зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19 во Грција

Зголемување на новите случаи на Ковид-19, меѓу 156 и 266 отсто во изминатите четири дена, во споредба со една седмица претходно е регистрирано во Грција, соопшти професорот епидемиолог и член на надлежната комисија во Министерството за здравство, Гикас Мајоркинис, јави дописничката на МИА од Атина.

Мајоркинис преку неговиот Фејсбук профил ги анализираше официјалните податоци од четвртокот до неделата, наспроти истиот период минатата седмица, па така вчера имаше 619 нови случаи наспроти 236 пред една недела, односно зголемување за 262 отсто.

Според професорот, во саботата имало 266 проценти повеќе новозаразени, односно 1.001, наспроти 375 минатата сабота, во петокот зголемувањето било за 195 отсто, а во четвртокот за 156 проценти.

-Како можеме да помогнеме во забавување на четвртиот бран што ни е пред вратите?, прашува Мајоркинис и дава решенија: чести превентивни тестирања со селф тест за невакцинираните, избегнување активности каде што има гужва, сè додека не се заврши со процесот на имунизација, како и закажување термин за вакцинација.

За текот на епидемијата и за процесот на вакцинација во земјата, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе одржи состанок со претставниците на Униите на општини и периферии во Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од денеска нови правила за патување на грчките острови

Поскапо летување во Грција за невакцинираните и тие што не прележале Ковид-19

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Европска Македонија доби повеќе гласови од која било партија на кои било избори

Редакција

Руско-украинската криза може да влијае на цената на струјата, вели Бектеши

Редакција

Што кажа Лавров за Македонија, името, Македонците, Бугарија, Балканот и Западот

Редакција