еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Прележаните само на почетокот се имуни на Ковид-19, вели Д-р Петличковски

Д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија и хумана генетика, за Плусинфо вели дека имунитетот по прележувањето на Ковид-19 на почетокот е висок, но со време се намалува со што се зголемува ризокот од реинфекција.

– Ризикот од повторно зарзување со Ковид-19 е многу низок неколку месеци по прележување на болеста, но се зголемува како одминува времето. Ако ризикот за реинфекција изнесува помалку од 5 отсто во првите 4 месеци по прележување на болест, 17 месеци по прележувањето тој пораснува до 50%.

При тоа, ризикот кај луѓето кои ја прележале болеста, а не се вакцинирале е околу два пати поголем од ризикот за оние кои примиле вакцина по прележување на болеста, вели Петличковски.

Иако ризикот од реинфекција е реален, тоа не значи дека луѓето не создаваат антитела, бидејќи за очекување е тие полесно да ја прележат заразата вториот пат.

– Не значи дека луѓето кои ќе се заразат и по втор пат не создале добар имунолошки одговор и секако е за очекување, реинфекциите да резултираат со многу поблага клиничка слика, ако воопшто дојде до развивање на симптоми, вели Петличковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Од прележаните починаа осум, а од вакцинираните 350, не велам луѓето да не се вакцинираат, но не може прележаните да се ограничуваат

Д-р Олумчев објаснува кој имунитет е подобар, природниот со прележан ковид или тој со вакцина

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бидна и свадбата на екс министерот Николовски, чест му направи и Заев

Редакција

Најстудено денеска во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

Редакција

Битката со Ковид-19 ја загуби музичарот Васил Ангов

Редакција