еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од Ковид-19 почина докторка од Ресен

Од Ковид-19 почина Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска, специјалист по радиодијагностика од Ресен, информираа на Фејсбук од Здравствен дом Ресен.

“Тешко е да се простиш од некој и да кажеш збогум кога е тој нераскинливо врзан за твоето постоење и функционирање.

Но е лесно кога треба да кажеш што се тој човек значи за нас.

Поликсена Стојановска – Ѓоргиевска- нашата Поли – специјалист по радиодијагностика.

Целиот свој работен век е дел од овој колектив, сето свое знаење и квалитет ги вгради во оваа институција, цела своја човечност и топлина им ја даде на пациентите во Преспа.

Насмеана, тивка, одмерена, но со силен став и професионалност. Беспрекорна во својата работа, без компромисно да одговори на лекарски позив, па дури и во овие времиња – невремиња беше во првата линија, не враќајќи ниту еден пациент, не отстапувајќи – ниту еден ден.

Глас никогаш не повиши, но одекна многу далеку и силно.

Поли- прекрасен човек, голем професионалец, незаменлива сопруга и мајка.

Ни е чест што беше дел од овој колектив, што имавме прилика да чекориме покрај тебе во животот и работата„, стои во објавата.

Фото: Општина Ресен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕДС го доби тендерот за набавка на струја на битолската Клиничка болница вреден 15 милиони денари

Редакција

Нови 882 случаи на Ковид-19 од 6.591 тестирања

Редакција

Заради пропуштање на „свадбарите“ на Гаши на граница без проверка сменет началникот Наим Рамука

Редакција