еМагазин
Image default
Македонија

Владата формираше работна група за пренесување на починатите од сообраќајната несреќа во Бугарија

Владата на седница ја разгледа информацијата за планот за пренесување на повредените лица и на телата на починатите во сообраќајната несреќата во Бугарија, за што е формирана работна група предводена од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а во која уште членуваат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и министерот за здравство, Венко Филипче, информираат од владината прес-служба.

– Владата го задолжи Министерството за здравство да обезбеди соодветни амбулантни возила за повредените лица и целосно да ги покрие финансиските потреби за нивниот транспорт во земјата, како и да обезбеди соодветна здравствена нега, без разлика дали повредените лица се осигуреници во Фондот за здравствено осигурување или не, велат од Владата.
Покрај ова, министерството за надворешни работи е задолжено да изврши избор на соодветно транспортно претпријатие и во целост да реализира достоен транспорт на посмртните останки на загинатите од Бугарија до земјава, а средствата за транспортот и погребот во целост да ќе ги покрие Генералниот секретаријат на Владата.

Воедно, од Владата посочија дека Министерството за внатрешни работи е задолжено да обезбеди непречен премин со полициска придружба од границата со Бугарија до крајните дестинации. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трошоците за враќање на загинатите во несреќата во Бугарија ќе ги покрие државата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Штип останува на врвот: Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

104 лица починале од Ковид-19 надвор од болница

Редакција

Активни пожари во Буковиќ, Раовиќ, Горно Мелничани, Ракле, Никодин и Топлица

Редакција