еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За една недела 124 деца до 9-годишна возраст заболеле од Ковид-19

Според податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во периодот од 20 до 26 септември се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи.

“Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=750, 25,6%).

Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=124; 4,2%).

Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај сите возрасни групи, кое се движи од -2,2% кај лицата 40-49 години до – 23,3% кај возрасната група од 60+ години, додека во возрасната група 10-19 се забележува зголемување од 12,3%.

Карактеристично е тоа што намалувањето е поизразено кај повозрасната популација, односно кај лицата над 39 години тоа изнесува -17,0%, додека кај помладите, лицата до 39 години, намалувањето е -4,9%.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.410 (48,1%) лица од машки и 1.524 (51,9%) од женски пол.

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.568 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, намалување од 4,2% во споредба со минатата недела“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела 108 смртни случаи од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

За една недела 32 лица повторно се заразиле со Ковид-19

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„АС Сењак“ ги продаде сите акции во Жито Полог

Редакција

Нов успех на македонските фудбалери: Победа над Естонија со 2:1

Редакција

АВМУ: Телма и Алсат-М го прекршија изборниот молк

Редакција