еМагазин
Image default
Бизнис

Почна исплатата на ноемвриските пензии

Од денеска започнува исплатата на ноемвриските пензии кои ќе се исплаќаат етапно со цел поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.

За оние пензионери кои немаат платежни картички, исплатата ќе почне од денес и тоа за пензиите во висина до 11 илјади денари, во понеделник, во банките ќе може да се подигне пензија од 11 илјади до 14 илјади денари, во вторник од 14 илјади до 18 илјади денари, а во среда пензии над 18 илјади денари.

– Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми, потенцираат од Министерството за труд и социјална политика.

Апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави плати имале Чифлиганец и Етеми лани: Комерцијална банка ги објави примањата на членовите на Надзорниот одбор

Редакција

Факом со зголемена добивка во првите шест месеци

Редакција

Државниот пазарен инспекторат парично ја казни Евротим за несоодветниот „мазут“

Редакција